НИЕДНО ОД ДЕЦАТА НА БЕРЛУСКОНИ НЕМА ДА ИМА ПРЕДНОСТ Објавен тестаментот на поранешниот италијански премиер
Ви благодарам и многу љубов до сите вас. Вашиот татко, им напишал Берлускони на своите деца.
Ниту едно од децата на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони нема да има целосна контрола врз неговата компанија „Фининвест“. Во тестаментот на контроверзниот политичар превидено е половината од компанијата, односно 53 отсто, да им припадната на Пјер Силвио и на Марина Берлускони, а останатите 47 отсто да ги поделат Барбара, Елеонора и Луиџи.
Берлускони му остави 100 милиони евра на својот брат Паоло, исто толку и на неговата девојка Марта Фасина, додека на советникот Марчело дел Утри му даде 30 милиони евра, објави агенцијата АНСА.
Покрај распределбата на имотот, италијанската агенција објави и порака која италијанскиот бизнисмен им ја оставил на своите деца.
„Ви благодарам и многу љубов до сите вас. Вашиот татко“, напишал Берлускони.
Одлуката за распределба на сопственоста на „Фининвест“ бизнисменот ја донел уште во 2006 година, кога го составил својот прв тестамент.