НИЕ ВЕ САКАМЕ, ПРОДОЛЖЕТЕ СО РЕФОРМИТЕ Урсула фон дер Лајен му порача на Западен Балкан дека припаѓа на ЕУ
Фон дер Лајен нагласи дека членките на ЕУ сакаат интеграција на Западен Балкан бидејќи знаат дека тоа е добро и за Западен Балкан и за ЕУ.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан на Брдо кај Крањ, истакна дека со овој собир Унијата испраќа многу важна порака до регионот, а тоа е дека Западен Балкан припаѓа на ЕУ.
– Сакаме да испратиме многу јасна порака, а тоа е дека Западен Балкан припаѓа на ЕУ. Ги сакаме во ЕУ. Ние сме едно европско семејство. Ја делиме истата историја, вредности и убедена сум и иста судбина – рече таа.
Фон дер Лајен нагласи дека членките на ЕУ сакаат интеграција на Западен Балкан бидејќи знаат дека тоа е добро и за Западен Балкан и за ЕУ.
– Имаме заеднички интереси и заеднички можеме подобро да се развиваме. Интеграцијата на Западен Балкан во заедничкиот пазар мора да напредува. Мојата порака до Западен Балкан е – ние ве сакаме во ЕУ, продолжете со реформите, целта е пред очи – рече претседателката на Европската комисија.