НИЕ ВАКА ЖИВЕЕМЕ, А АКО НЕ ВИ ЧИНИ ОДЕТЕ НА НЕКОЈ ОСТРОВ Додик им забранува на ЛГБТ-активистите да влегуваат во школите
На ЛГБТ-активистите ќе им се забрани влез во образовните институции, да не ги пропагираат овие работи, да ги бришат таквите работи од учебниците, порача претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Милорад Додик, претседателот на Република Српска, денеска ги упати припадниците на ЛГБТ-популацијата да ги населат островите.
– На ЛГБТ-активистите ќе им се забрани влез во образовните институции, да не ги пропагираат овие работи, да ги бришат таквите работи од учебниците. Мислам дека тоа го загадува јавниот простор и општествениот живот и дека треба да се елиминира. Јас сега одлучувам за тоа, можеби утре тие ќе ја преземат власта, па тие нека одлучуваат. Имате места, острови, ова е нашиот начин на живеење, одете таму – им порача Додик.