НИЕ НЕ СМЕ НАИВНИ КАКО ОСМАНИ, МАРИЧИЌ И КАКО КОВАЧЕВСКИ На Мицкоски не му се брза со предлогот за уставни измени со одложено дејство

Не сме ниту Бујар Османи, ниту Бојан Маричиќ, ниту како Димитар Ковачевски да бидеме лековерни и наивни и да веруваме на интересите на трети страни. Наш интерес е македонските граѓани, државата, евроинтегративните процеси и тука стоиме во првата линија и ќе ги браниме, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

515

„Ние не сме наивни како Бујар Османи, Бојан Маричиќ и како Димитар Ковачевски“.

Ова беше одговорот на премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за тоа дали размислува да доостави предлог за уставни измени со одложено дејство во Собранието без да биде уште формирана влада во Бугарија или сепак ќе се чекаат сигнали.






– Наивно би било тоа. Таков потег унилатерален би значел целосно загрозување на и онака загрозените евроиинтеграции поради авантурите на претходната влада, евроинтеграции на Македонија како држава. Се разбира дека треба да се добие било каков сигнал за да одиме чекор напред. Нема да влеземе во било каква авантура, инаку можевме тоа многу порано да го направиме ако бевме почетници во оваа работа. Не сме ниту Бујар Османи, ниту Бојан Маричиќ, ниту како Димитар Ковачевски да бидеме лековерни и наивни и да веруваме на интересите на трети страни. Наш интерес е македонските граѓани, државата, евроинтегративните процеси и тука стоиме во првата линија и ќе ги браниме – изјави Мицкоски.

Тој рече дека никогаш нема да го засрамат граѓанинот и имаат заедничка цел, а тоа е Македонија еден ден да биде дел од европското семејство.

Поврзани содржини