🎥 НИЕ НЕ ОСТАВАМЕ ЧЕВЛИ ПРЕД ВЛАДА, НО ЌЕ ВРАТИМЕ ДОМА МЛАДИ УСПЕШНИ ЛУЃЕ! Буџетот предвидува нова ставка од 71 милион денари за демографија и млади

Буџетот е уште еден доказ за посветеноста на Владата кон младите, со реализација на клучни проекти, реконструкција на студентски домови и мерки за самовработување наменети за сите млади. Со новата ставка за демографија и миграција обезбедени се 71 милион денари за кампањи за враќање во Република Македонија на успешни примери од странство - рече пратеникот Попов на комисиската расправа.

792

На денешната комисиска расправа за Предлог – буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој истакна дека буџетот е уште еден доказ за посветеноста на Владата кон младите, со реализација на клучни проекти, реконструкција на студентски домови и мерки за самовработување наменети за сите млади.

– Во овој буџет има и една новина а тоа е новата ставка за демографија и миграција во која се обезбедени 71 милион денари за кампањи за враќање во Република Македонија на успешни примери од странство. Тоа се пред сѐ млади лица, млади успешни примери од светот, млади успешни приказни, преку кои ќе се обидеме да мотивирамме што е можно повеќе млади луѓе да ги вратиме во Република Македонија. Не остававме чевли пред влада, но затоа смислуваме начини како тоа да го направиме и се трудиме – рече Попов.






Пратеникот Попов се осврна на делот од Предлог – буџетот кој е од младинско значење потенцирајќи ги зголемените средствата кои ќе значат подобра и поквалитетна настава за студентите во Македонија, можноста научно и интелектуално да се реализираат младите, како и создавањето на инклузивно средно образование.

– Имено во овој буџет имаме 32,5 милиони денари за изградба на најпопуларниот факултет во нашата држава ФИНКИ и секако Факултетот за физичка култура. Во високото образование имаме зголемување од 2,8 проценти и тоа се средства кои ќе ги добие УКИМ, универзитетот во Тетово, УКЛО, Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Зголемување од 25% за наука, на тој начин се спречува одлевањето на младите мозоци. Не се заборавени ниту средношколците, во средното образование имаме зголемување од 5,2%, за училишни спортски сали имаме зголемување од 363,6 милиони денари, јасен сигнал дека оваа Влада работи на создавање на здрава младина – рече пратеникот Сергеј Попов.

Поврзани содржини