НИЕ ИНСТАЛИРАВМЕ 283 МЕГАВАТИ ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА, А ВМРО-ДПМНЕ САМО 18 МЕГАВАТИ Од СДСМ велат дека сега нема привилегирани инвеститори во енергетиката

СДСМ тврди дека во сите години откако за предводи власта презема ефикасни, конкретни и остварливи чекори за развој на државата и унапредување на стандардот на граѓаните и дека е очигледна разликата меѓу резултатите и одговорното владеење на СДСМ и катастрофата и хаосот што ги правеше ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години.

74

Додека во време на ВМРО-ДПМНЕ инвестициите во енергетиката беа привилегија само за неколкумина блиски до Белиот дворец, денес секој може да инвестира и да ја продава електричната енергија и тоа за првпат на македонска берза за електрична енергија, тврди СДСМ во денешното соопштение во кое прави споредба меѓу владеењето на двете партии.

– Во време на ВМРО-ДПМНЕ беа инсталирани 18 мегавати од обновливи извори на енергија, додека во време на СДСМ инсталирани се 283 мегавати, а од нив, 200 мегавати се инсталирани и веќе вклучени на мрежата само во изминатите година и три месеци. Сето ова се големи, суштински разлики помеѓу посветената работа на СДСМ и штетното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ- велат од СДСМ.






Оттаму додаваат дека СДСМ во сите години откако за предводи власта презема ефикасни, конкретни и остварливи чекори за развој на државата и унапредување на стандардот на граѓаните и дека е очигледна разликата меѓу резултатите и одговорното владеење на СДСМ и катастрофата и хаосот што ги правеше ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години.

– СДСМ зад себе има резултати што прават разлика и тоа е видливо и мерливо во секое поле, во економсијата, слободата и демократијата, во земјоделството, во инфраструктурата, а особено во енергетиката – велат од партијата.

Поврзани содржини