Ние и короната, во март и сега

1,937

Да повториме.

Март, 3 случаи дневно:






– Карантин, пиле не смее да прелета, освен ако не знае да игра оро па да фати едно во Чаир или во Гевгелија, тогаш е во ред.

– 2.844 сати дома без излегвање, го гледаш сатот, не врви, се топи ко на сликата од Дали, им прајш плетенки на ресите од тепихот, се нервираш дека во едно паковање ориз има 44.716 зрнца, а во друго 43.955, спиеш со нож под перница во случај некој да пукни па да проба да ве заколи другите.

– Се мотивираш да станеш подобар човек, ќе го потрошам времето за надиградба на себе! Уствари само седиш и јадиш дур да дојди време за пиење.

– До продавница го праќате тој шо е невработен, оти и да скини конци нема да се одрази на финансиската состојба. На секое одење до продавница се поздравувате ко да е последно. Со „Среќно сине! Ќе те памтиме ако не се вратиш”, липа мајка ти, татко ти пушта музика за банкет на Јутјуб, баба ти и дедо ти веќе се на апчиња за смирување.

– Се враќаш од продавница. Дома балони, „Добредојде хероју”, дур не видат дека си заборајл 10 кила брашно, само 40 си зел. Го дезинфицираш средството за дезинфикација, дезинфицираш раце, алиштата за перење, гаргара со Доместос, миеш раце 40 секунди, не 20 пошто можи си налетал на некој вирус в теретана шо одел. Трошите вода ко делфини да живеат.

– Кадата е полна со средство за дезинфекција. Сѐ шо си купил фрлаш таму да отстои три дена.

– Сите дома имате напишано тестаменти. И седите на растојание. Ако некој се закашла, оди да спие во визба.

– Ни на месинџер не праќаш гушкање ради превенција.

Сега, 500+ случаи:

– ЛОЛ, маска. Да спречуваа маските смрт, сите луѓе од Адам и Ева ќе беа живи до сега. Него, ај да одиме да лижиме седишта во автобус, сосема е сигурно.

– Не слушаш овие од Србија шо се жанр „плачипички” ко Владо Ѓорѓиев и слични, ама одиш, шо му ебеш матер, еднаш се живее. Дури ако има опера и на то би одел!

– Одиш до продавница, клаваш маска под нос, ја вадиш ко ќе излезиш, дури ни брашно појќе не купваш. Место паковање од 24 тоалетни, се враќаш на таа од 10 денари праена од рециклирани некролози во Украина. Имаш уште залихи за брашно за наредните три имендени, две слави и две новигодини.

– Миеш раце, 12, максимум 15 секунди, ако не заборајш.

– Им кашлаш по дома за да ги уплашиш. Не им е гајле, ти викаат само кашлај потивко, не ја слушам Азра шо кажва.

– Во Дезинталот мајка ти веќе турила најлошата ракија за да чисти низ дома, пошто најубо распрснува.

– Единствен проблем во кафана ти е ако снема пиво. То шо сте 47 души на маса за двајца и му течи лига од трубата на трубачот, немаш гајле. Само да не капни во јадењето, можи да уништи вкусот.

– Тестаментите дома ги искинавте. Ко ќе дојди време ќе се влечкате по судови, да се дешава нешто.

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини