„НИЕ ГО ИСПОЛНИВМЕ АМАНЕТОТ НА ЏИНОТ ОД НЕБРЕГОВО“ Ковачевски во роднoто место на Конески рече дека антиевропската агенда е антимакедонска

А оние од опозицијата, кои великанот Коневски го нарекуваа „џуџето од Небрегово", кои лажеа дека ќе имало асимилација и бугаризација, ниту го поддржаа договорот од ФРОНТЕКСТ во Собранието ниту пак Законот за македонски јазик - рече Ковачевски.

357

Антиевропската агенда е спротивно на она што значи патриотизам денес, води кон живот надвор, во туѓина, кон Македонија без луѓе, а тоа е закана за македонската држава, македонскиот идентитет и јазик, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во обрќањето на традиционалниот народен собир во манастирот Св. Димитрија во Селце, Прилепско.

– И затоа ќе повторам уште еднаш: антиевропската агенда е антимакедонска агенда. Секој што со антиевропска агенда се обидува да ја врати земјата во мрачното и мачно минато, мора да го поразиме и ќе го поразиме – потенцираше Ковачевски, додавајќи дека оној што го блокира членството во ЕУ не им мисли добро ниту на земјата ниту на граѓаните.






– Блокада на европскиот пат е блокада за македонскиот идентитет во ЕУ, да биде оставен на страна од европското семејство за утре други да може повторно да го негираат. Блокадата на европскиот пат е блокада на повеќе пари за развој на земјата, блокада на поголеми плати, подобро образование, европски вредности. Затоа ние генерациите на денешнината имаме обврска да се справиме со антиевропската агенда. Да се обединиме околу Европскиот фронт и да се справиме со атиевропската и антимакедонската агенда – рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.

Македонските социјалдемократи го исполнија аманетот на Блаже Конески, на џинот од Небрегово, рече Ковачевски и додаде:

– Тоа е патриотизам, да го сочуваш македонскиот јазик, идентитет, да ги обезбедиш во Европа и светот. Затоа ние, македонските социјалдемократи, со гордост велиме дека го исполнивме аманетот на Блаже Конески, на џинот од Небрегово. А оние од опозицијата, кои великанот Коневски го нарекуваа „џуџето од Небрегово”, кои лажеа дека ќе имало асимилација и бугаризација, ниту го поддржаа договорот од ФРОНТЕКСТ во Собранието ниту пак Законот за македонски јазик – рече Ковачевски.

Поврзани содржини