НИЕ ЌЕ ГО ИЗБЕРЕМЕ „КРАЛОТ“ ПО СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ Димитриевски очекува ЗНАМ да биде „кинг-мејкер“ на следната владина коалиција

Ниту една политичка партија немала таков тренд на раст како ЗНАМ - рече претседателот на Движењето.

775

Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија во моментов е најбрзорастечкиот политички субјект во историјата на македонскиот плурализам од осамостојувањето наваму. Ниту една политичка партија немала таков тренд на раст – рече претседателот на Движењето Максим Димитиревски во гостување во дебатната емисија „Тешки муабети“ на Инфомакс.

– Граѓаните ги препознаваат нашите политики. Ние не се бориме за власт. Ние ќе се бориме за одговорност. Јас и тука во вашето студио, а и јавно тоа го ветувам – дека по изборите, на деветти мај, убав ден, нештата во Македонија нема да бидат исти, од секој аспект. Прво нема никогаш повеќе да дозволиме Македонецот да се фрустира и да се чувствува како граѓанин од втор ред во сопствената држава. Никогаш повеќе нема да дозволиме граѓанинот на Македонија да биде манипулиран на начин како што беше манипулиран досега. Ќе ја зголемиме транспарнетноста во сите сегменти на државата и ќе работиме на конкретни реформи – додаде тој,






– Очекувам Движењето ЗНАМ да биде кинг-мејкерот на следната владина коалиција, потенцираше Димитриевски.

На прашање дали стои зад концептот – едно општество за сите, Димитриевски рече дека едно општество за сите подразбира еднакви права и обврски за сите, но за жал едно општество за сите се траснформираше во едно општество за поединци.

– Оние кои од позиција на власт ги уживаат сите бенефиции од власта, додека обичниот граѓанин е целосно оставен на страна, со намера да се создаде еден феномен, кој јас го дефинирам како приватна држава, во која тие кои се избрани од страна на граѓаните изнаоѓаат различни механизми за доаѓање до средства на нечесен начин и со нив капитализираат дополнително бизнниси, преку кои ги контролираат оние кои нив ги гласаат. Тоа е приватна држава и тоа се случува во моментот, сега. Не одлучуваат политичките субјекти, туку одлучуваат политбироата, односно мала група на луѓе во политичките субјекти – рече Димитриевски.

 

Поврзани содржини