НИ ТРЕБААТ НОВИ ВАКЦИНИ, ВЕЛИ СЗО Бустер дозата на постоечките вакцини не е добра стратегија против омикрон
Група експерти кои работат на проценка на ефектот на вакцините за ковид-19 повикаа на развој на нови вакцини кои не само што треба да ги заштитат луѓето заразени со ковид-19 од сериозни болести, туку и подобро да ги спречат луѓето да се заразат со вирусот, така што светот подобро ќе се справи со нови варијанти на ковид-19 како што е омикрон.
Експертите од Светската здравствена организација предупредија дека повторното давање на дополнителни дози на оригиналните вакцини против ковид-19 не е остварлива стратегија против новите варијанти и повикаа на нови вакцини кои подобро штитат од пренос.
– Стратегијата за вакцинација базирана на повторени дополнителни дози на оригиналната вакцина веројатно нема да биде соодветна или одржлива – се вели во соопштението на Техничката советодавна група на СЗО за ковид-19 (TAG-Co-VAC).
Група експерти кои работат на проценка на ефектот на вакцините за ковид-19 повикаа на развој на нови вакцини кои не само што треба да ги заштитат луѓето заразени со ковид-19 од сериозни болести, туку и подобро да ги спречат луѓето да се заразат со вирусот, така што светот подобро ќе се справи со нови варијанти на ковид-19 како што е омикрон.
– Потребни се и треба да се развијат вакцини против ковид-19 кои имаат големо влијание во спречувањето на инфекцијата и пренесувањето, покрај превенцијата од тешки болести и смртни случаи – соопштија од советничката група.
Ова, наводно, ќе помогне да се намали „преносот во заедницата и потребата од ригорозни и сеопфатни јавно-здравствени и социјални мерки“.
Тие, исто така, сугерираа дека производителите на вакцини треба да се стремат да создадат вакцини кои треба „да предизвикаат имунолошки реакции кои се широки, силни и долготрајни за да се намали потребата за последователни бустер дози“.
Како што се развива вирусот и додека не станат достапни новите вакцини, „можеби ќе биде неопходно да се ажурира составот на сегашните вакцини против ковид-19“, велат од групата.