НИ ТРЕБААТ 800 МИЛИОНИ ДА ЈА ПОМИНЕМЕ ЗИМАТА Зеленски побара обнова на струјната мрежа за Украинците да можат да се згреат
Потребни ни се неколку категории опрема, трансформатори, опрема за реставрација на високонапонски мрежи, гасни турбини… на нашиот енергетски систем му треба, барем до крајот на грејната сезона, итна помош од европскиот енергетски систем, т.е. струја од земјите на Европската унија во Украина, рече Зеленски.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени денеска дека Украина, чија енергетска инфраструктура е уништена од руските напади, има потреба од „најмалку 800 милиони евра” итна помош за да ги задоволи потребите на населението во текот на зимата.
Зеленски преку видео врска зборуваше на отворањето на меѓународната конференција за солидарност со Украина, организирана во Париз.
– Потребни ни се неколку категории опрема, трансформатори, опрема за реставрација на високонапонски мрежи, гасни турбини… на нашиот енергетски систем му треба, барем до крајот на грејната сезона, итна помош од европскиот енергетски систем, т.е. струја од земјите на Европската унија во Украина – рече Зеленски.
Украинскиот претседател додаде дека оваа помош „ќе чини околу 800 милиони евра”