НИ ТРАГА НИ ГЛАС ОД ИСЧЕЗНАТИОТ ВО ВОДИТЕ НА ВАРДАР Тимовите ќе пребаруваат од Таор кон Велес
Ако лицето и денеска не се пронајде, планирано е утре да се вклучи еден тим од ДЗС, специјализиран за вакви потраги и акции на вода, во пребарување на течението на реката Вардар, од с. Таор кон Велес“ - информира Центарот за управување со кризи.
Тимот нуркачи на МВР од САЕ Тигар, кој поради временските услови вчера ја прекина потрагата по лицето кое утрото скокна во водите на реката Вардар кај мостот „Близнак“, денеска ја продолжи потрагата. Учествуваат и тимови на Црвениот Крст и Дирекцијата за заштита и спасување, а пребаран е потегот од мостот Близнак до Железничкиот мост и уште три километри во правец кон село Долно Лисиче, информира ЦУК.
„По направената координација меѓу ЦУК, МВР и ДЗС, исто така и со локалните самоуправи Гази Баба, Аеродром и Град Скопје, како и Црвен крст, денеска се врши потрага низводно по течението на Вардар во ширина на пресекот на струјата на речното корито исклучиво од страна на специјализираните единици на МВР, со чамец, заради тоа што густата крајбрежна вегетација не дозволува и ја отежнува визуелната потрага од двете страни на речното корито. Затоа тимовите на Црвениот крст и ДЗС денеска не учествуваат во потрагата.
Ако лицето и денеска не се пронајде, планирано е утре да се вклучи еден тим од ДЗС, специјализиран за вакви потраги и акции на вода, во пребарување на течението на реката Вардар, од с. Таор кон Велес“ – информира Центарот за управување со кризи.