НИ СОЗДАВАА КОШМАРИ И СТРАВ ВО КОСКИ Како денес изгледаат најстрашните близначки? (ФОТО)

Популарните близначки Луиз и Лиса Бурнес неодамна наполнија 51 година. Денес не се занимаваат со глума.

985

Сите добро се сеќавате на познатите близначки кои ни влеваа страв во коските. Филмот на Стенли Кјубрик „Radiance“, кој е заснован на истоимениот роман на писателот Стивен Кинг, направи многумина од нас да имаат вистински кошмари.

Популарните близначки Луиз и Лиса Бурнес неодамна наполнија 51 година. Денес не се занимаваат со глума, а имаа само 12 години кога Стенли ги ангажираше за потребите на филмот.

 







Режисерот бил сигурен дека хотелот Видиковец не може да биде морничаво место без две девојчиња кои се држат за раце и стојат на крајот од долгиот ходник.

„Ние сме природно морничави. Но, вежбавме за таа сцена да биде колку што може понапната и понепријатна. Ги изговаравме зборовите од текстот кој го добивме на таков начин за да ги исплашиме луѓето“, рекле Луиз и Лиса за „Космополитан“.

Како што објаснија близначките, снимањето на филмот не било страшно, но дека за публиката било повеќе од непријатно за гледање филмот „Исијување“.


„Видовме луѓе кои носат морничави маски, но ние две се чувствувавме како диви кои се повикани на некоја „фенси“ забава. Тоа воопшто не беше страшно за нас. Бевме во придружба на возрасни и нашите родители не мораше да се грижат. Нѐ поддржуваа во желбата да се занимаваме со глума“, изјавиле близначките.

Филмот „The Shining“ е стар 41 година, но луѓето сѐ уште го гледаат и сѐ уште се плашат. Филмот е заснован на романот на Стивен Кинг од 1977 година, кој од страна на Националниот филмски регистер на Америка беше избран за еден од најважните хорор филмови на сите времиња.

Поврзани содржини