„НИ СЕ ПРУЖИ МОЖНОСТ“ Израел го уби човекот кој е најблизок до врховниот водач на Иран
Командантот Шадмани беше назначен пред четири дена да раководи со вонредниот воен штаб на Иран и да ги надгледува Револуционерната гарда и армијата на Иран. Тој се искачи во хиерархијата откако израелските сили го убија Голамали Рашид минатата недела.
„По изненадувачката можност во текот на ноќта, борбени авиони на воздухопловните сили нападнаа штаб во срцето на Техеран. И, врз основа на точни разузнавачки информации, го убија Али Шадмани, врвниот воен командант и човекот најблизок до врховниот лидер на Иран, ајтолахот Али Хамнеи“.
Вака соопшти израелската војска на социјалните мрежи. Доколку е точно, ова би било вторпат Израел да шеф на иранската војска од почетокот на конфликтот меѓу двете земји.
– Ако се сеќавате на Хезболах, она што Израел успеа да го направи многу успешно е дека продолжи да го уништува врвниот команден ланец, а потоа и нивните наследници малку по малку, до тој степен што целосно го деморализираа и уништија секој команден ланец. И се чини дека се обидуваат да направат нешто слично со иранскиот режим – рече Алистер Бункар, дописник на Скај Њуз за Блискиот Исток.