НИ СЕ ЈАВИ „ПОРТПАРОЛ“ НА КРАДЦИТЕ ОД ЛУВР СО ПОНУДА ДА ГО КУПИМЕ НАКИТОТ Израелска безбедносна фирма тврди дека ја контактирале крадците

По детална проверка, компанијата заклучила дека непознато лице „поседува барем дел од украдениот накит“.

1,521

Израелската компанија специјализирана за безбедност и анализа „CGI Group“ објави дека ѝ е понудено да го откупи накитот украден од музејот Лувр, објави весникот „Билд“.

Пет дена по грабежот во Лувр, лице кое се претстави како портпарол на крадецот не контактираше преку официјалната веб-страница на „CGI Group“. Нè праша дали сакаме да разговараме за купувањето на украдени уметнички дела на „darknet“ и рече дека имаме 24 часа да подготвиме одговор – изјави основачот и извршен директор на компанијата, Звика Наве, за германскиот весник.






Според него, по детална проверка, компанијата заклучила дека непознато лице „поседува барем дел од украдениот накит“.

Иако „CGI Group“ ја пријавила комуникацијата во француската полиција, украдениот накит не бил вратен.

На 19 октомври, четворица крадци влегле во музејот Лувр користејќи кран за мебел, провалиле во галеријата Аполо и украле девет парчиња накит.

За време на бегството, крадците ја испуштиле круната на царицата Евгенија со 1.354 дијаманти.

Истражителите веруваат дека кражбата ја извршиле професионалци. Проценетата вредност на крунските скапоцености е 88 милиони евра.

Поврзани содржини