НИ МЕЃУСЕБНО ПРИЗНАВАЊЕ СО СРБИЈА НИ ЧЛЕНСТВО НА КОСОВО ВО ООН Што содржи француско-германскиот предлог?
Радио Слободна Европа тврди дека имала увид во документот кој е на маса во Приштина и во Белград. Во него е предвиден и посебен аранжман за српската заедница и за СПЦ во Косово.
Еднакви права на Србија и Косово, почитување на територијалниот интегритет и неповредливост на границите, признавање на државните симболи и посебен аранжман за српската заедница во Косово се клучните елементи на предлогот што е на маса во Приштина и во Белград.
Можноста за меѓусебно признавање или членството на Косово во Обединетите нации (ОН), за што косовските политичари јавно се залагаат, не се споменати во документот во кој имаше увид Радио Слободна Европа (РСЕ).
Ова е првата верзија на планот што двете страни го добија на крајот на летото, а во јавноста е познат како француско-германскиот предлог за дијалог. Неколку извори во Брисел ја потврдија автентичноста на текстот, до кој РСЕ има пристап.
Повеќе за ова на следниот ЛИНК.