НИ КУФЕР ДА ВЛЕЧЕШ, НИ ПИВО ДА ПИЕШ, АКО ПОВРАТИШ – ЌЕ ПЛАТИШ! Туристите бегаат од Хрватска поради најновите казни

Во Дубровник не смее да се шета во костим за капење, но најново, не смее ни да се возат куфери со тркала бидејќи тоа предизвикува преголема бучава, на Хвар ќе ве удрат по џеб ако пиете пиво на клупа, на Паг ако носите куче на плажа, во Сплит ако јадете или ако повраќате на јавна површина...

2,414

Се повеќе туристи кои летуваат во Хрватска се жалат на огромните казни кои општинските власти на многу туристички места ги наплаќаат за одредени прекршоци. А, многумина веќе ги заобиколуваат атрактивните летни дестинации на хрватското приморје, токму поради бројните казни некои дури и несфатливи.

Така, на списокот на санкции е дека во Дубровник не смее да се шета во костим за капење или без кошула, но најново, не смее ни да се возат куфери со тркала низ познатиот Страдун, бидејќи тоа предизвикува преголема бучава, па сега се санкционира. А, туристите за да избегнат парична казна мора да ги носат куферите во раце.






На монденскиот Хвар пак, ќе ве удрат по џеб ако пиете пиво на клупа, а не во кафуле.

Последниот случај доаѓа од островот Паг, односно од плажата во Повљана, каде што се објавени известувања за казна од 150 евра за сите што ќе дојдат на плажа со куче. Општината ги постави овие табли за да нема дилеми кога надлежните ќе дојдат да собираат пари од неинформираните туристи, но и од домаќините.

Казната е претерана според мислењето на многумина, но позитивно е што на ова место има плажа за кучиња.

Многу туристи со домашни миленици го напуштиле сместувањето порано од планираното затоа што се чувствуваат непожелно, токму поради таквите драстични известувања и казни, сведочат локалните жители.

Повљана се наоѓа во јужниот дел на островот Паг и има помалку од 1.000 жители.

Во градот Сплит решија да стават крај на дивеењето на туристите, но и на некои локални жители, па тамошните општински редари почнаа да издаваат ригорозни казни.

Со одлука на Градскиот совет, консумацијата на алкохол на површината за јавна употреба ќе се казни со парична казна од 300 евра. Иста казна следува и за вршење нужда на јавни површини, спиење во паркови на тревници, плоштади и други јавни површини, како и за консумација на храна или пијалок на јавни површини, но и за задржување во угостителски објекти по истекот на работното време. Во Сплит следува парична казна од 300 евра и за качување и седење на споменици и спомен-плочи, влегување, капење во фонтани и нудење и склучување договор за такси услуга што не е однапред договорена.

За повраќање на јавни површини во Сплит казната е 150 евра.

Не толку ригорнозни, но сепак необични казни постојат и на некои популарни летни дестинации во Грција. Така, ако од популарната плажа Лаларија на островот Скијатос земете камче како сувенир, тоа може скапо да ве чини. Или, попрецизно, да платите казна од 1.000 евра.

Специфичните форми на камчињата на грчката плажа Лаларија на островот Скијатос се толку интересни за туристите што постојано ги земаат како сувенири, што се заканува целосно да ја опустоши оваа плажа.

Плажата Лаларија на Скијатос е достапна само со чамци, а посетителите и сопствениците на туристички чамци кои ќе однесат камчиња ризикуваат да бидат казнети од 400 до 1.000 евра.

Овие предупредувања се објавени на самата плажа како и на сите чамци кои водат до неа.

 

Поврзани содржини