НИ КАЗНИ НИ АПЕЛИ НЕ ПОМАГААТ Граѓани возат пребрзо и во пијана состојба
Поради неприлагодена брзина на движење изречени беа 305 санкции, за неправилно паркирање 340 мерки, додека пак 97 возачи се отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола.
Во текот на првите два работни дена од оваа недела (21-22.07.2025) во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи регистрираа вкупно 1.293 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во помала мера и по основ на Законот за возила.
Поради неприлагодена брзина на движење изречени беа 305 санкции, за неправилно паркирање 340 мерки, додека пак 97 возачи се отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола.
За 47 учесници во сообраќајот изречени се санкции за некористење сигурносен појас, 49 лица се санкционирани за користење на мобилен телефон при управување со возило, и уште 85 лица поради неносење заштитен шлем. Покрај ова евидентирани се 18 случаи на минување на црвено светло, а изречени се дури 122 прекршочни платни налози за пешаци, додека пак од сообраќај се отстранети 11 возачи заради управување на возило со прекумерно количество алкохол.
Согласно Законот за возила во посочените три дена од неделава беа изречени 12 прекршоци по основ на технички неисправни возила и 22 по основ на возила коишто не биле регистрирани.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта, велат од МВР.