НИ ДВА НИ ТРИ, ТУКУ ШТРАЈК СО ГЛАД ВО АЛБАНИЈА Универзитетските професори бараат до 50 отсто повисоки плати

Додека професорите секојдневно се собираат пред универзтетскит кампус, албанскиот премиер Еди Рама им порача да не се надеваат на дополнително зголемување, пред да се зголемат платите на пензионерите и додека не се избалансираат трошоците од струјата за оваа зима.

117

Покачувањата на платите од 7 и 8 отсто не се доволни за универзитетските професори во Албанија кои од утре ќе штрајкуваат со глад. Професорите три недели ја бојкотираат наставата барајќи 30 отсто повисоки плати годинава и уште 20 отсто догодина. Тие исто така се жалат на условите во кои работат.

Додека професорите секојдневно се собираат пред универзтетскит кампус, албанскиот премиер Еди Рама им порача да не се надеваат на дополнително зголемување.






– Зголемување на платите нема да се случи додека не дојде редот, по пензионерите на крајот на годината и по крајот на зимата, кога ќе ги избалансираме трошоците за заштита поради високите цени на електричната енергија – им порача Рама.

Поврзани содржини