НИ ДВА НИ ТРИ МАКРОН ПАРЛАМЕНТОТ ГО РАСПУШТИ Франција оди на избори по победата на Ле Пен на европските избори
Знам дека можам да сметам на вас иако јас сум единствениот политички лидер во моментов без ограничувања, на Франција ѝ треба јасно мнозинство, да се биде Французин значи дека сте избрале да пишувате историја, а не да трпите, се обрати Макрон до граѓаните на видео.
Францускиот претседател Емануел Макрон најави распуштање на Националното собрание по лошите резултати на изборите за Европскиот парламент. Изборите ќе се одржат на 30 јуни и 7 јули.
– Ова е подобро од сите аранжмани, од сите несигурни решенија. Верувајте во Франција, да ја обликувате иднината и да не се повлекувате. Ја добив вашата порака и нема да остане неодговорена. Знам дека можам да сметам на вас иако јас сум единствениот политички лидер во моментов без ограничувања, на Франција ѝ треба јасно мнозинство, да се биде Французин значи дека сте избрале да пишувате историја, а не да трпите – рече Макрон.
Европскиот парламент вечерва ја објави првата проценка на резултатите од гласањето во Франција, каде „Националниот собир“ предводен од Марин Ле Пен и Џордан Бардел освои 31,5 отсто од гласовите. Партијата на Емануел Макрон освои 15,2 отсто од гласовите.