Ни бега ли контролата од раце, министре Филипче?
Абе дај договорете се на едно место, навистина што ни треба во ова зло што не снајде и ве молам немојте да создавате хаос со информациите. Граѓаните веќе спобудалеа. Дадете јасни и недвосмислени вистинити информации и насоки!!!
Внимателно ги слушам сите пресови на министерот Венко Филипче. Се плашам дека контролата со ширењето на коронавирусот полека како да ни бега од раце.
Не носете маски, носете маски, не носете ракавици, носете ракавици, има доволно респираторни машини, има доволен број тестови, нема доволен број тестови, нема машини….
Набавени се толку маски, ракавици, визири, респираторни системи, набавени се толку тестови, на пат се толку, донирани се толку… Не треба масовно тестирање, отворени се многу пунктови за тестирање. Повеќето стигнаа, другите се на пат.
Денес од тестирани толку лица, толку се заразени. А оние кои не се тестирани, колкав е бројот!?
Абе дај договорете се на едно место, навистина што ни треба во ова зло што не снајде и ве молам немојте да создавате хаос со информациите. Граѓаните веќе спобудалеа. Дадете јасни и недвосмислени вистинити информации и насоки!!!
Барем сега, граѓаните го заслужуваат тоа, бидејќи се работи за нивното здравје и нивните животи. Ве молам…
Слушам и читам дека од ден на ден, во многу здравствени установи ширум земјата, имаме појава на инфицирани доктори и медицински персонал. Мислам дека тие во овие времиња треба најмногу да бидат заштитени, бидејќи допрва ќе ни треба нивна помош на сите нас како граѓани.
Воедно, заразата полека се шири и во државните институции или во нивни експозитури, ширум државата. Искрено, посакувам да не сум во право, ама…
Со најитни и најригорозни мерки. треба итно да се спречат ваквите појави, додека не земат голем замав. Сите задолжително да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство и на СЗО.
П.С. Министре Филипче, тие што сега ве фалат и ве воспеваат, во првата прилика кога ќе погрешите, ќе ве помножат со нула. Такви се тие, такви се родени. Веќе е видено тоа безброј пати. Ги менуваат ставовите како чорапи. Состојбата е сериозна и постапувајте како што вие знаете и како што тоа ви го налага вашата лекарска и човечка етика. И тргнете ги на страна сите политички влијанија. Вие во моментов сте господар на ситуацијата.