Ни ѓаволот во гетеовиот„Фауст“ не се пазарел така!

Таа чинидба е и порака за освестување упатена до власта, со која не се потребни повеќе зборови за нивната конкретна вина и последиците од неа кои треба да ги сноси, поради леснотијата со која ги решава туѓите желби на штета на својот народ.

2,052

Голема духовна симболика има во самиот слободоумен  чин – потпалувањето на подметнатото бугарско дувло. Чинидба која опоменува дека насилството секогаш раѓа ОТПОР кој се манифестира со одбранбено насилство – предизвикано, поради што е – оправдано и одобрено, па и пожелно. Таа чинидба е и порака за освестување упатена до власта, со која не се потребни повеќе зборови за нивната конкретна вина и последиците од неа кои треба да ги сноси, поради леснотијата со која ги решава туѓите желби на штета на својот народ.

Затоа – му пружам десница на Алабаковски пред сè, поради тоа што го разбурка и прекрои згуснатиот молк, потпалувајќи го фашистичкото буниште  кое комшиите нудејќи ни го како европска вредност го натокмија среде Битола како ќенеф полн со застојан измет и подмолно ни го поттурија под нос во таен договор со нашите домашни владари, сечии, па и нивни слуги, кои ние ги трпиме.. – единствените виновници кои станаа поголеми гласноговорници од самите Бугари, барајќи како нивни адвокати да се притвори младиот човек кој гневен од нереагирањето на власта, одлучи сам да поттикне разрешување  на случајот, а тоа е – Јамата да се затвори!






Возбудениот Спасовски кој на сите ни е познат по молчењето, аминувањето, прикривањето и заташкувањето на големите криминали кои се случуваат околу него,  помпезно се појави пред јавноста и брзопотезно се пофали дека го реши случајот со палењето.. И? – Побара притвор.. Веднаш!

Е, другару мој од пратеничките денови, да не сакаш и смртна казна? Прибери се министре!  Не се покажувај и не зборувај кога не треба и како што не треба, затоа што кабаетлија се криеш од јавноста кога треба да се покажеш и да го кажеш тоа што самата служба те обврзува.

Со причина, како врзани црева, сите вие од тандемот власт опачно  работите и против сопствениот народ. Место како Влада да не го одобревте отварањето на гнасотијата и да не створевте револт кај народот наспрам ќефот на комшиите, вие тајно соработувавте со провокаторите и обезбедивте кордони полиција да ги штитат бугарските туристи.., а кога требаше да донесете одлука да го затворите и да повикате на одговорност за незконскиот пропуст кој е намерно направен при регистрацијата на.. вие се замолчевте и се скривте.

– МОРА…! – Го слушнавте тој збор и се уплашивте од заповедта на Бугарите, кои со дерење мислат дека ќе го одбранат наметнувањето на сопствениот Бугаризам во туѓа држава. Наредбата како поетско слово ја испеа личната Илијана: – „…Само со најбрза активност (демек, за палењето, де!)  надлежните институции, МОРА, во најкус рок да се ДОКАЖАТ дека кај нашиот западен сосед се почитуваат правата на Бугарите..“.

Побрзавте да ги смирите разјарените Бугари и да се докажете дека ги почитувате нивните заповеди насловени како „права“ на Бугарите во Македонија, и тоа откако предавнички се откажавте од  Македонците и нивните права во Бугарија. Сметајќи се бугарска институција – а наши владари, ги отворивте капиџиците од вашите скривници и со подадена глава се ставивте во одбрана на вознемирениот фашизам.

Свесни сте кому се докажувате, во кое невреме, и со какви штетни последици за нас, редејќи се еден по друг со изјави кои не ви доликува да ги слушнеме од вас? Рефериравте како приправник пред својот претпоставен и се  обидувавте да го смирите заканувачкото хорското рикање на безумната политичка бедотија на Бугарите?, од која, како на рид поткачени се гласат заповеди, тралалајќи… и самите несвесни колку бедно делуваат пред обичниот Македонец, чекорејќи без сабур по улицата која не е нивна… како што не е ни народот пред кој се топорат.

Зошто, бре, дозволивте – ептен да ве третираат како шупелки и од нас да   бараат да ги почитуваме некаквите нивни барања, со кои ни ги запленуваат  нашите права кои не сме ги добиле од нив? Што се полични шепата Бугари во Македонија од класјата Македонци во Бугарија, па да им доликува – со дрско игнорирање на македонското постоење да го дрват своето? Какви еднострани  „права“ увртеле во главата како следување кое го чекаат од нас, додека со надмено однесување ни газат по нашите национални тековини?  Од газениот се надеваат да  добијат  права? –  или, се обидуваат со сила  да му ги одземат и присвојат  неговите лично стекнати?

Џабе се јадосувам и јас и некои опачни како мене. Бугарите си ѓи имаат нашите од внатре најмени извршители кои се јавуваат  само кога треба да им се удоволи заповедта. Го имаат и сојузникот Османи кој како нивни потаен телал, со словото на брзината, се огласи – “…ОЈО, целосно и во најбрз рок да го расветлат случајот и сторителите да ги изнесат пред лицето на правдата….!“ Најновата изјава: “Не може кривичното дело да биде оправдувано со  било која емоција !“

Чии емоции и чие кривично дело споменуваш Зотни Османи?  Кривичното дело што го стори ТИ побуден од твоите добропознати лични „емоции“, кога скришум, со твоите побратими го договоривте бугарското  седело зад грбот на Македонецот? Друго кривично дело, нема!

Кога тебе Зотни ќе ти дојде ред да бидеш изнесен пред лицето на правдата, што шетајќи по свет за свои ќефови, од под опашката на американските и големоалбанските служби ровариш за уништување на Македонија и Македонците? Зар од тебе да чекаме или да слушнеме службено да реагираш кога треба и како што треба да се заштити Македонецот? Ти само продолжи си така, надуен како жабок и неспречен од никого да играш „расипан телефон“ со твојот бугарски каршилук, а во ситуацијава нас да ни се дрмчиш… и тоа со заповеди.. откако ни го подметна кукавичкото јајце.

И, не си само ти! – Вие сте групиран осарник на чело со божем првиот – Пендаровски, кој за да не продолжи да се брука и да нè брука, подобро да се заќути додека не му помине рокот на траење, зошто – а зине, а зелена скине! Вели: – „… Ваквите чинови не одат во прилог на унапредуВАЊЕ НА односите со бУГАРИЈа“?! Кој односи претседателеее? Какво унапредување си видел и очекуваш… и чие форсираш на сметка на македонското –  сеопшто срамно уназадување, за кое дереџе имаш свој погубен и повеќестран срамен историски допринос?

Покусо да не остане се јави и тој – Намесникот, кој што неодамна не тешеше дека, – „… ќе отвориме и ние Македонски клуб во Бугарија..“ а, „…за бугарскиот клуб, идната недела ќе заседава и расправа Владата..“. Колку месеци поминаа во молк, лажго!? Заседаваше…?

За тебе Намеснику не ти беше „вандалски акт“ поставувањето на конакот на разгалените фашисти; вандалски акт ти е палењето? Жална Македонија и Македонски народ што дочека изроди од својот род да ги водат и додека ги водат, никнатиот фашистички какол да го споредува со „…нетолеранција кон активностите на невладините организации како важен дел на граѓанското општество..“ и, – „…сериозен судир со демократските вредности и принципи на современиот цивилизиран европски општествен систем.. Да се бараат и казнат сторителите на овој вандалски чин..!“.

Тебе несмаснику народот ќе те казни со раката на божјата правда, што во устата џвакаш мешани зачини од разни демагогии,  со кои  НАС нè плукаш! Час поскоро да те снема од пред нашите очи, час поскоро, додека не си нè  „додоговорил“! Те чека Макрон заедно со Радев да одиш на баци-рака… – на двајцата…, и на брзина да потпишеш некој нов договор кој е издиктиран од Радев – за да нè доуништиш како достоен следбеник на најголемиот предавник Заев, што Македонија некогаш го кукнала.

Уплашен да не ти откаже коалициониот партнер ДУИ па да се развластиш самиот себе, кое нешто не ти паѓа на памет, трпиш и од ќерамиди да ве мочаат, богатејќи се од сопствената мизерија. Свесен си дека без нив, на избори, од Македонците ќе го добиете само окаченото мандало, кое, што и да правите, временски ви ги одбројува гласовите и саатите на владеењето. Ти само трчај на нивни натпревари и прослави, и дрндај им ја волната за кожувчето, занесувајќи се дека под него ќе се сокриеш. Се повеќе личиш на змијата која откако проголтала цели зајчиња, примирена, бара добро засолниште за да се растегнува на сонце, полузаспана, избегнувајќи секакво движење освен неопходното за својата лична безбедност и удобна позиција. Ти добро си припремен и насочен од твојот творец, па водејќи змиска политика од првиот ден кога ни го покажа суратот, коалицирајќи со твојот партнер кој освен внатрешната ти ја насочува и надворешната политика… тврдиш дека ние граѓаните не сме кадарни да ја сфатиме „правилната политика на власта“ на која, бескрајната имплементација на Рамковниот договор и Тиранската платформа, се од примарно значење и цел.

Кажувај колку сакаш и кога сакаш дека народот погрешно видел и сфатил, но тој ќе продолжи да го кажува и да го предочува тоа што со раширени очи избезумено го гледа, чекајќи момент, разгневен, со ногата да ви стапне врз змиската глава.

Гледаме со нашите очи како власта чекори со сакати нозе, ама потпрена со товарашки подарени од надвор.. Броено ви е траењето! Свесни и здружени, вешто ползите по јажето на политичкиот и материјалниот криминал, како итри змии на кои не им се потребни нозе за да едни преку други се виткаат во клопче, не грижејќи се дека струполувајќи се во калта нè повлекувате и нас – народот.

Многу лесно и брзопотезно како панаѓурски џамбази продолжувате да се пазарите, дома и надвор, сметајќи нè за стока, нас и државата, единствено – заитересирани да постигнете „консензус“ за цената… Се гордеете со сопстениот дострел на личен план и затоа не сакате да ја испуштите власта, иако сте игнорирани од домашната јавност и потценети во Европа на која ѝ „згусна“ од нерешените односи со Бугарија… па сака надве–натри да нè отараси.  Како? Ѝ е гајле, како! Ќе биде како што ни ѓаволот во Гетеовиот „Фауст“ не се пазарел. – Ние, како една од страните на очекуваниот нов ѓаволски договор, од Радев треба врз себе, како жртви, да го прифатиме неговото злосторство, за да мрднеме од под скалилото на ЕУ каде со години се гушиме чекајќи да крочиме до првата затворена врата.

Има ли паметен кој нема да извика – Зошто ми е понатаму да се нервирам со комшискиот дебелокожец, кој отворено сака, откако ќе нè претвори во асимилирани Бугари, да нè „пушти“ во европската рушевина? Што го споменуваме и Макрон, кој да сакаше, немаше да нè седне и држи среде балканската кал..? Мислите сега ќе сака да ни подаде рака да станеме? Не се лажете народе! Никој досега нас не ни пружил добронамерно рака за да ни помогне. Напротив, многу ни одмогнаа!

Заробената Европа се оплакува сама себе и нема волја за никого.. Таа, кај да е, ќе пропишти од стегата на американската рака врз нејзината глава. За жалење се и едните и другите заглибени секој во својот ќорсокак, можеби поинаков од нашиот, ама, галиба, и поопасен.. И едните и другите, со нас не се бават за да ни помогнат, тоа одамна го видовме и осетивме. Туку, со нас ги лечат своите ранливи ниски побуди, однесувајќи се расчовечено врз рамништето на политичкиот неморал, кршејќи ги калканите на нормите за одговорност, без кои овој свет забрзано се движи кон сопствената пропаст.

Поврзани содржини