НЕЗАВИСНИОТ ВОЈНИЧКИ СИНДИКАТ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 10 ЈАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ Со фалсификати и злоупотреби го оневозможувале синдикалното организирање

Веќе подолг период се вршат разни притисоци врз синдикатот со цел да не може да делува и да престане да постои, велат претставници на Независниот синдикат на професионалните војници.

622

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против 10 лица до ОЈО, од кои 7 познати лица и едно Н.Н., лице сите вработени во Министерство за Одбрана, како и против две лица вработени во Министерството за труд и социјална политика и едно лице од Централниот регистар.

Според пријавата од Синдикатот, наведените сториле кривични дела Злосторничко здружување (член 394 од Кривичниот законик), Фалсификување или уништување на деловни книги (член 280 од КЗ) и Употреба на исправа со невистинита содржина (член 380 од КЗ), како и Злоупотреба на службена положба и овластување (член 353 од КЗ).






Сите лица заедно ги направиле кривичните дела со цел да се сопре функционирањето на синдикатот и синдикалните претставници како и да се изманипулира Министерството за одбрана со нивните противзаконски дејствија.

Веќе подолг период се вршат разни притисоци врз синдикатот со цел да не може да делува и да престане да постои, против сите лица кои ги прекршиле законите и направиле кривично дело се поднесени и други кривични пријави“ – се вели во соопштението на Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје.

 

Поврзани содржини