„НЕЗАВИСНИ ЗА КАРПОШ“ СЕ ОТКАЖАА ОД ПРАВЕЊЕТО ПАРТИЈА На изборите ќе одат со граѓанска листа

Од „Независни за Карпош“ нагласуваат дека самостојното делување им овозможува побрза реакција на секојдневните потреби на граѓаните и поголема флексибилност во одлучувањето. Според нив, во рамки на поголема група или партија процесот е побавен и често бара компромиси кои би можеле да бидат на штета на локалните интереси.

518

Граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“ објави дека на претстојните локални избори ќе настапи со самостојна граѓанска листа, наместо да се приклучи кон процесот за формирање нова политичка партија „Независни заедно“.

Во објавата на нивната Фејсбук страница се вели дека се повлекуваат од заедничкото формирање партија со „Шанса за Центар“ и „Зелените од Гази Баба“, со кои неодамна започнаа да собираат потписи за регистрација на политички субјект. На колегите кои продолжуваат со иницијативата им посакуваат успех и оставаат врата отворена за идна соработка околу заеднички теми и каузи.






Од „Независни за Карпош“ нагласуваат дека самостојното делување им овозможува побрза реакција на секојдневните потреби на граѓаните и поголема флексибилност во одлучувањето. Според нив, во рамки на поголема група или партија процесот е побавен и често бара компромиси кои би можеле да бидат на штета на локалните интереси.

„Приклучувањето кон партија секогаш било последна опција за нас. Сè додека постојат начини да ја зачуваме независноста и принципите на граѓанското работење, ќе ги користиме тие можности. Конфузијата и неизвесноста што ја создаваат партиите околу независните иницијативи нема да нè одвратат од нашата цел – да понудиме конкретни решенија за подобар живот во Карпош“, наведено е во нивното соопштение.

Поврзани содржини