НЕЗАВИСНИ НАБЉУДУВАЧИ НА ИНТЕРВЈУАТА НА КАНДИДАТИТЕ ЗА СУДИИ ВО СТРАЗБУР Комисијата најави зголемена транспарентност во процесот

Поради зголемување на транспарентноста во процесот за избор на кандидат за судија во Стразбур, Комисијата одлучи интервјуирањето да биде спроведено пред независни набљудувачи. Поканети се претставници од невладините организации 'Коалиција сите за правично судење' и Македонско здружение на млади правниц, соопшти Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права(ЕСЧП) во Стразбур.

87

Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права(ЕСЧП) во Стразбур на 20 октомври 2025 година ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд, соопштија од Комисијата.

По состанокот Комисијата ќе ги спроведе интервјуата кои ќе се одвиваат на англиски и на француски јазик.






„Поради зголемување на транспарентноста во процесот за избор на кандидат за судија во Стразбур, Комисијата одлучи интервјуирањето да биде спроведено пред независни набљудувачи. Поканети се претставници од невладините организации ‘Коалиција сите за правично судење’ и Македонско здружение на млади правници“, се вели во текстот.

Поврзани содржини