НЕЗАВИСНАТА АРСОВСКА СЕ СРЕТНА СО ТАРАВАРИ Разговараме за идеите и решенијата за Скопје

Со оглед дека неофицијално, таа ќе биде поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, тоа значи дека ќе ја добие и поддршката на албанската опозиција која влезе во коалиција со оваа партија.

1,041

Претседателката на ССК, Данела Арсовска, која како независната кандидатка за градоначалник на Скопје, утринава се сретна со претставници на Алијанса за Албанците.

Со оглед дека неофицијално, таа ќе биде поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, тоа значи дека ќе ја добие и поддршката на албанската опозиција која влезе во коалиција со оваа партија.






– Конструктивна средба со Арбен Таравари генералниот секретар на Алијанса за Албанците, доктор и актуелен градоначалник на Гостивар и Беким Сали, кандидат за градоначалник на општина Чаир од Алтернатива. Разговараме за идеите и решенијата за Скопје за новата програма за градот. Заедно заклучивме дека се неопходни квалитетни и ефикасни решенија за Скопје и скопјани – напиша Арсовска на својот Фејсбук профил.

Поврзани содржини