НЕЗАПАМТЕНО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА ВО ЕВРОЗОНАТА Евростат ги регистрираше највисоките инфлаторни бројки досега
Евростат нема регистрирано толку високо ниво на инфлација откако почна да собира податоци за 19-те земји кои го користат еврото од 1997 година. Претходниот рекорд беше поставен во декември, кога инфлацијата во еврозоната беше 5 проценти.
Инфлацијата во еврозоната на ЕУ се зголеми на рекордни 5,1 отсто во јануари, главно поради растот на цените на енергијата, објави денеска Евростат.
Статистичката агенција на ЕУ нема регистрирано толку високо ниво на инфлација откако почна да собира податоци за 19-те земји кои го користат еврото од 1997 година. Претходниот рекорд беше поставен во декември, кога инфлацијата во еврозоната беше 5 проценти.
Засега не се објавени анализи и предвидувања со кои се предвидува скорешното запирање на инфлацијата во еврозоната.