Незаменлива: Дури три актерки ќе ја заменуваат Саманта во „Сексот и градот“

629

Саманта Џонс не е лесно да се замени. Наместо познатата Ким Катрал (64), фамозната пријателка од серијата „Сексот и градот“ ќе добие дури три нови членки.

Имено, продолжението на култната серија најде замена за најконтроверзниот лик во „Сексот и градот“. Потребни биле дури три нови лика за да ја надоместат Саманта Џонс во култниот хит, а сите три жени се „со обоена кожа“, како што наведува „Њујорк пост“.






Авторите најавуваат промена кон инклузивноста, бидејќи целата бела група пријателки нема многу смисла во Њујорк во 2020-тите години. Претходно беше најавено дека и писателите на продолжението ќе бидат разновидни.

Малко е да се каже дека фановите се шокирани од оваа одлука. Повеќето заклучиле дека без Саманта, воопшто не се исплати да се гледаат новите епизоди од серијата.

Новата сезона, ново поглавје од 10 епизоди наречено „And just like that…“, ќе започне да се снима на крајот на пролетта под покровителство на ХБО Макс. Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон ќе ги репризираат улогите, а исто така ќе бидат и извршни продуцентки на серијата. Ким Катрал е во долгогодишна расправија со своите колешки, така што за неа продолжението на снимањето не доаѓало предвид.

Најавено е дека гледачите ќе ги следат Кери, Миранда и Шарлот на нивното патување од сложената реалност на животот и пријателството во нивните 30-ти години до уште посложената реалност на животот и пријателството во нивните 50-ти години од животот.

Мајкл Патрик Кинг, кој ја доби наградата „Еми“ за режија на серијата, и ги напиша и режираше двата филма „Сексот и градот“, е шеф на целиот проект, но го нема авторот Дарен Стар. Тој има голем договор со Виако Ци-би-ес, па дури и ако не е така, Стар со години вели дека нема намера да се врати во „Сексот и градот“.

Серијата беше снимена во шест сезони и има 94 епизоди. Доби 50 номинации за Еми и освои седум. Од 24 номинации, освои осум Златни глобуси. Уште во 2007 година, таа беше на списокот на 100 најдобри ТВ-серии на сите времиња.

Поврзани содржини