НЕЗАМЕНЛИВ ДОДАТОК НА ЕСЕНСКИТЕ ПИТИ И СУПИ Овој популарен зачин е состојка и на најпопуларниот есенски напиток во светот
Pumpkin spice е микс од зачини кој може да се користи во топли напитоци, пити и штрудли, но и во супи од тиква и морков, како и во популарните pumpkin spice latte напитоци.
Иако циметот и морското оревче навистина долго време се користат во слаткарството во Европа, концептот на мешавината „Pumpkin spice“ пристигна во Европа релативно неодамна, преку океанот, потпомогнат од есенските сцени со луксузни пијалаци и пити од американските филмови и серии.
Веќе неколку години Pumpkin spice е тренд и кај нас и, мораме да признаеме, навистина ни се допаѓа! Уште повеќе, кога температурата ќе падне и кога почнуваат првите вистински есенски денови, едвај чекаме да ја извадиме оваа мешавина од шкафот и да подготвиме голема шолја топол млечен напиток во кој додаваме само половина кафена лажичка, но доволно за да не преплави чувството на пријатност и топлината на препознатливите мириси на цимет, анасон, морско оревче…
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.