НЕЗАКОНСКИ ПРОТЕСТИ ВО ИСТАНБУЛ Властите ги заоструваат мерките, но демонстрантите не се повлекуваат

Обновената забрана ќе трае до 26 март и ја опфаќа забраната за собири, изјави за медиумите, маршеви, седење и делење флаери, како и други облики на јавни демонстрации.

926

Канцеларијата на гувернерот на Истанбул ја продолжи и ја заостри забраната за јавни собири поради протестите против приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

Обновената забрана ќе трае до 26 март и ја опфаќа забраната за собири, изјави за медиумите, маршеви, седење и делење флаери, како и други облици на јавни демонстрации.






„Властите исто така го ограничија влезот на лица или групи во Истанбул кои се осомничени дека имаат намера да учествуваат во незаконски дејствија“, соопшти Канцеларијата на гувернерот на својата веб-страница.

Забраната следува по четиридневниот период на претходна забрана, кој требаше да истече утре. Пркосејќи на новите мерки, илјадници демонстранти денеска повторно излегоа на улиците на Истанбул, собирајќи се пред канцеларијата на градоначалникот и пред судот, каде што беше донесен Имамоглу на сослушување.

Поврзани содржини