НЕЗАДОВОЛНИ ОД НЕСООДВЕТНИТЕ ВРАБОТУВАЊА Директори и раководители во М-НАВ поднеле оставки

Оставките на дел од раководните лица уследиле откако пропаднала селекцијата на кандидати на огласот на М-НАВ за вработување инженери во Контролата на летање бидејќи кандидатите кои биле примени на работа ги немале потребните квалификации и не го поминале тестирањето.

772

Еден од тројцата директори на македонска навигација (М-НАВ), Љубе Стаменковски и раководителите на одделот за информатички и надзорни технологии, на одделот за надзорни системи, на одделот за навигациски системи, на електро-енергетски системи и на одделението за воздухопловна техника Охрид, поднеле оставки од раководните функции, незадоволни од изборот на кадри кои се вработени во секторот за техника, објави Телма.

Оставките на дел од раководните лица уследиле откако пропаднала селекцијата на кандидати на огласот на М-НАВ за вработување инженери во Контролата на летање. Тие не ги решиле тестовите за селекција, оти не ги знаеле одговорите. Но и покрај тоа биле примени на работа, пренесува порталот СДК.






Според извори за Телма, кандидатите кои се примени на работа ги немале потребните квалификации, а од друга страна не го поминале тестирањето. Членовите на комисијата која требала да го спроведе тесирањето не сакале да учествуваат во ваквиот избор на кандидати и поднеле оставки, велат извори од државната компанија.

Извршниот директор Фахрудин Хамиди за Телма изјави дека законите не се прекршени и дека кандидатите се примени на работа според истите услови како и тие на претходните огласи.

Поради контроверзниот оглас минатата недела и контролорите на летање најавија штрајк, но се откажаа откако добија верување од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски дека конкурсот ќе биде регуларен.

Поврзани содржини