НЕВРОЛОГ ГО ПОСЕТИЛ БАЈДЕН 8 ПАТИ? Претседателот нема Паркинсонова болест, тврди Белата куќа
Лекарот од Белата куќа имплицира, пишува „Њујорк Тајмс“, дека повеќето од посетите на д-р Канард биле поврзани со третман на други луѓе кои работат во Белата куќа. Исто така, тој изјавил дека Бајден го посетувал д-р Канард секоја година како дел од неговиот годишен физички преглед и дека најновиот преглед не открил знаци на Паркинсонова болест.
Американскиот претседател Џо Бајден не се лекува од Паркинсонова болест, објави во понеделникот Белата куќа, откако се појавија извештаи дека лекар специјализиран за оваа болест ја посетил Белата куќа осум пати во текот на изминатата година.
Загриженоста дека претседателот можеби боледува од неименувана болест се појави по појавувањето на Бајден на дебатата со републиканскиот кандидат Доналд Трамп на 27 јуни.
„Њујорк Тајмс“ објави дека дневникот на посетителите на Белата куќа покажува дека д-р Кевин Канард, невролог специјализиран за нарушувања на движењето, кој неодамна објави научен труд за Паркинсоновата болест, ја посети Белата куќа осум пати помеѓу минатото лето и оваа пролет. За време на брифингот, портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер одби да ја потврди посетата на Канард, велејќи дека сака да ја почитува приватноста на сите вклучени од безбедносни причини.
It’s time for President Biden to come clean about the nature of multiple visits to the White House by Dr. Kevin Cannard, who subspecializes in Movement Disorders with research focusing on Parkinson’s disease and deep brain stimulation. Voters deserve nothing less. pic.twitter.com/Rq7MFlL07W
— Doug Milford (@dougmmilford) July 7, 2024
Засега не е јасно дали д-р Канард бил во Белата куќа за да го лекува или советува претседателот или тој бил таму на неповрзани состаноци. Јавно достапната биографија на Канард го наведува како „невролошки консултант на Медицинската единица на Белата куќа“ од 2012 до 2022 година, во која би биле вклучени администрациите на Барак Обама и Доналд Трамп.
Канард не одговорил на повторените барања на „Њујорк Тајмс“ за коментар за посетите. Во изјавата објавена во понеделникот, д-р Кевин О’Конор, лекарот од Белата куќа, потврди дека д-р Канард го видел Бајден три пати во текот на три и пол години од неговото претседателствување, но не сакаше директно да каже дали причината за тие посети беа за лекување на претседателот, пишува „Њујорк Тајмс“.
Наместо тоа, лекарот од Белата куќа имплицира, пишува „Њујорк Тајмс“, дека повеќето од посетите на д-р Канард биле поврзани со третман на други луѓе кои работат во Белата куќа. Исто така, тој изјавил дека Бајден го посетувал д-р Канард секоја година како дел од неговиот годишен физички преглед и дека најновиот преглед не открил знаци на Паркинсонова болест.