НЕВРЕМЕ НАЈАВЕНО ЗА СКОПЈЕ Денот ќе биде топол

4,008

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со услови за појава на краткотраен дожд, а од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.






Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Поврзани содржини