НЕВРЕМЕТО И ПРЕКИНОТ НА СТРУЈА ГИ ЗАРОБИ НА ВРВОТ Полицијата извлече дете, Германец и уште две лица од жичарницата

Четири лица, меѓу кои дете и германски државјанин, беа извлечени од полицијата откако жичарата на Водно застана поради невреме и прекин на струја.

191

Четири лица, меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, минаа низ вистинска драма на Водно откако останаа заглавени во гондола на жичарата поради силното невреме и прекинот на електричната енергија.

Иако струјата накратко се врати и гондолата успеа да стигне до врвот, возењето надолу станало невозможно, времето се влошило, а жичарата повторно останала без напојување.






Според информациите од МВР, проблемот бил пријавен околу 16 часот, по што започнала потрагата по заглавените патници. Екипите од интервентната полиција, сообраќајната единица и ЕБР веднаш се упатиле кон Водно и почнале со спасувачката акција.

По пронаоѓањето, четирите лица биле безбедно извлечени и во придружба на полицијата се спуштиле кон Скопје. Иако уплашени, поминале без повреди, а акцијата завршила успешно.

Поврзани содржини