НЕВРЕМЕТО ОСТАВИ БЕЗ СТРУЈА НАСЕЛБИ ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ Во Скопје најмногу пријави за штети имало во Ѓорче Петров, Бутел и во Шуто Оризари

Во Битола невремето ги остави без струја горно и долно Агларци, Добромири, Далбеговци, Трап, Будаково, Мусинци, Алинци, Трничани, Мојно, Маково, Рапеш, Орле, Долно Орехово, Румази, Паралово, Мегленце и околината.

592

Од ЕВН Македонија известуваат до ЦУК, дека во моментот без електрична енергија се следните населби во Скопје:- Ѓорче Петров и околината, Сарај, Кондово, Волково, Граничен премин Блаце и Новоселски Пат.

Во Тетово струја нема во Џепчиште, Непроштено, Једоарце, Отуње, и во населбата Сетоле и во Сарачино и во Желино.






Струја нема во гостиварските населби Дебреше, Врањовце Зубовце, Врапчиште, Пожаране и Топлинци.

Во Битола невремето ги остави без струја горно и долно Агларци, Добромири, Далбеговци, Трап, Будаково, Мусинци, Алинци, Трничани, Мојно, Маково, Рапеш, Орле, Долно Орехово, Румази, Паралово, Мегленце и околината.

Во Радовиш во моментот електрична енергија немаат Богулево, Дамјан, Бучим, Коџалија и Парналија.

Тимовите веќе се ангажирани за непречено снабдување со електрична енергија во наведените реони.

Граѓаните пратија видеа од поплавени улици во Скопје. На 112 се пријавени разни штети од навалени дрва и бандери, до скршени стакла, оштетени олуци,  кабли, оштетени возила, паднати огради.

Најпогодени општини од локалното невреме во Скопско се Општина Ѓорче Петров, Општина Бутел и Општина Шуто Оризари, според примените пријави и известувања за итни случаи на 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во Скопскиот ЦУК телефоните, „се вжештија“ со над 200 повици за еден час. Полека по поминувањето на невремето повиците од Скопскиот регион се намалија.

Поврзани содржини