НЕВРЕМЕ ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ Се очекуваат дожд, грмежи и ветер низ целата држава

Метеоролозите најавуваат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладне и ноќе, особено во Повардарието и околината на Скопје. Привремена стабилизација се очекува во петок и сабота, но нова дестабилизација се најавува веќе од недела.

2,775

Денешниот ден ќе биде под влијание на променливо облачно време со сончеви периоди, но метеоролозите предупредуваат на нестабилност попладне и во текот на ноќта кон четврток. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, а локално се можни и краткотрајни невремиња.

Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, особено изразен долж Повардарието.






Температурите ќе се движат од 12 до 20 степени во утринските часови, додека максималната дневна ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, а во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд. Температурите во главниот град ќе се движат од 17 до 32 степени.

Во четврток продолжува нестабилноста со локален пороен дожд и грмежи, додека во петок и сабота се очекува претежно стабилно време со благ пораст на дневните температури. Нов бран на дестабилизација се најавува веќе во недела, со тенденција да продолжи и во првите денови од следната недела.

Поврзани содржини