НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА Драматично извлекување на деца од поплавен објект во Риека (ВИДЕО)

Според информациите на тамошните медиуми еден маж го загуби животот во невремето.

1,139

Хрватскиот град Риека синоќа беше зафатен од големо невреме. Поплавени беа голем број објекти, а во една игротека во градот се одвиваше драма за спасување на децата кои биле во неа. Просториите на игротеката почнале да се полнат што предизвикало паника кај децата. На помош дошле пожарникари и граѓани.






Според информациите на тамошните медиуми еден маж го загуби животот во невремето.

Полицијата во Риека соопшти дека  околу 19.30 часот добила пријава дека во поплава под автомобил е пронајдено машко лице. До доаѓањето на Брзата помош, мажот починал, а телото е испратено на обдукција.

Поврзани содржини