НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ЗАПАДЕН ВЕТАР ОД НАД 70 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС За викенд постудено, од понеделник потопло

Времето утре ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и со грмежи и ќе дува засилен, наместа силен ветер, во форма на невреме.

3,542

Времето утре ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и со грмежи, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер со брзина над 70 километри на час, во форма на невреме.

Фото: УХМР

 






Наутро најстудено ќе биде во Берово, со температура од 12 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија со дневна температура од 37 степени.

Во сабота во западните делови ќе има повремен дожд. Ќе дува северен ветер кој ќе продолжи и во недела и ќе услови опаѓање на дневната температура.

Од понеделник времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура.

Фото: УХМР
Поврзани содржини