НЕВРЕМЕ СЕ НАЈАВУВА И ЗА СРЕДА Пороен дожд и силен ветер

568

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи ќе биде времето утре. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, со силен ветер од над 60 километри на час и со изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.






Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град.

Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Во четврток во западните делови ќе дува засилен ветер од југозападен правец.

Дневните температури од сабота со засилен северен ветер ќе бидат во опаѓање.

 

Поврзани содржини