НЕВРЕМЕ НА ПОВИДОК Температури паднати, ветрови засилени, облечете се топло

Во Скопје се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината постои услов за појава на локално невреме. Температурите ќе се движат од 11 до 13 степени.

212

Времето во следните денови ќе биде променливо и нестабилно, со локални врнежи од дожд и засилен северен ветер, а потоа ќе се подобри со повеќе сонце и умерена облачност.

Утре, времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а ќе дува умерен до засилен северен ветер од северен правец, локално со брзина над 60 км/ч.






Минималните утрински температури ќе се движат од 6 степени во Маврово до 14 степени во Гевгелија, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 6 степени во Маврово до 16 степени во Гевгелија.

Во Скопје се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината постои услов за појава на локално невреме. Температурите ќе се движат од 11 до 13 степени.

В среда ќе продолжи променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а северниот ветер ќе остане умерен до засилен, со локална брзина над 60 км/ч. Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 4 до 11 степени, додека дневните максимуми ќе се движат од 8 до 17 степени.

Во четврток метеоролозите најавуваат подобрување на времето со повеќе сонце и мала до умерена локална облачност. Северниот ветер ќе остане присутен, умерен до засилен, но ќе донесе позначително топли денови. Минималните утрински температури ќе се движат од 2 до 10 степени, а максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 14 до 21 степен.

Поврзани содржини