НЕВРЕМЕ ГИ ОПУСТОШИ БУДВА И ТИВАТ Повредени се тројца туристи (ВИДЕО)

Според снимките од социјалните мрежи, може да се види дека многу улици во Будва биле под вода, а имало и автомобили кои биле заглавени во водата. Слична беше ситуацијата и на улиците во Подгорица.

1,940

Ветрот безмилосно корнел цели дрвја на Црногорското приморје. Има тројца повредени туристи во Тиват, а под вода е целосно и Будва, како и улици во Подгорица.

Невремето што ја зафати Црна Гора, нанело огромни штети во автокампот „Бова“ кај Тиват, а ураганскиот ветер корнел големи дрја додека поројниот дожд и град го преплавија Тиват. Паднатите дрвја уништија три камп приколки во Бова и оштетија автомобили.






Водоводните и електричните инсталации се оштетени, па кампот остана без електрична енергија и вода. За среќа, сите навреме беа евакуирани во блиската куќа на семејството Вуковиќ, сопственик на кампот, кој им помагал на своите гости. Само двајца чешки туристи претрпеа полесни повреди.

Според снимките од социјалните мрежи, може да се види дека многу улици во Будва биле под вода, а имало и автомобили кои биле заглавени во водата. Слична беше ситуацијата и на улиците во Подгорица.

Поврзани содржини