НЕВОЗМОЖЕН Е ЦИВИЛИЗИРАН ДИЈАЛОГ СО РУСИЈА Главниот украински преговарач се жали дека работите станале многу комплицирани
Тој истакна дека Украина побарала од Русија да отвори хуманитарен коридор од Мариупол до Бердјанск, но Москва го одбила барањето.
Главниот украински преговарач и советник на претседателот, Михаило Подољак изјави дека преговорите со Русија станаа многу покомплицирани по воените злосторства на руските сили во градовите Буча, Мариупол и Волноваха.
Тој истакна дека Украина побарала од Русија да отвори хуманитарен коридор од Мариупол до Бердјанск, но Москва го одбила барањето.
– Невозможен е цивилизиран дијалог со Русија – истакна Подољак.
Според Обединети нации досега во војната во Украина убиени најмалку 2.072 цивили, а 2.818 се повредени, повеќе од 4,9 милиони луѓе ја напуштија земјата, а над седум милиони се внатрешно раселени.