НЕВКУСНО, НЕВОСПИТАНО, ДРСКО Скопјанка ги провоцираше мечките во Зоолошката градина (ВИДЕО)

Извесната Мила е студентка по Криминологија, а според директорот на зоолошката градина таа често доаѓа и ги провоцира животните. Девојката своето видео го објавила на ТикТок.

7,327

Студентка од факултетот за безбедност ја прескокна оградата и ги провоцираше мечките во Скопската Зоолошка градина, а се пофали со видеото го објави на ТикТок. Директорот на Скопје ЗОО, Ѓорѓи Галетановски за „Репортер“ вели дека нејзиното однесување е недозволиво, а случајот го пријавиле во полиција, пишува ИнфоМк.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Skopje ZOO (@zoo_skopje)






– Кога јас дојдов во зоолошката ги кренавме оградите на живеалиштата, но ни тоа некогаш не е доволно. Девојката била со мајка ѝ која ја снимала. Скопската зоолошка не сноси никаква одговорност ако некој посетител самоволно прескокне ограда или ги малтретира животните – вели Галетановски.

Девојката, за која од зоолошката велат дека е извесна Мила, студент по криминологија на факултетот за безбедност, претходно сама го споделила видеото на Тик-Ток.

– Доаѓа во Зоо Скопје да се изживува врз животните и си го ризикува животот. Таа ќе добие соодветна пријава бидејќи ваквото однесување е недозволиво – велат од зоолошката и бараат јавно извинување од Мила.

Поврзани содржини