Невин маж бил силуван и убиен од родителите на девојче кое излажало дека ја допирал
Таткото на девојчето, Сергеј Чабин (33) и неговата девојка, Валерија Дунаева (25), мајка на второтo дете, се обвинети дека го нападнале Чикваркин со помош на тројца пријатели, откако ја слушнале приказната на девојчето.
Група луѓе наводно силувале и претепале до смрт невин човек откако 10-годишно девојче „на шега излажало“ дека ја нападнал.
Девојчето тврдело дека возачот на камион, Дмитриј Чикваркин (48), ја допирал неа и уште едно тригодишно девојче под половината, откако ги возел со дадилката во рускиот град Веркњаја Пишма.
Таткото на девојчето, Сергеј Чабин (33) и неговата девојка, Валерија Дунаева (25), мајка на второтo дете, се обвинети дека го нападнале Чикваркин со помош на тројца пријатели, откако ја слушнале приказната на девојчето.
– Прво го силувале, а потоа му ја скршиле главата со истата цевка. Тие ја нападнале и дадилката затоа што таа се обидела да го заштити Чикваркин – соопштила полицијата, пренесува „The Mirror“.
Возачот на камион, исто така татко на 6-годишното девојче, бил жив кога групата заминала, но подоцна починал од повредите.
Дунаева и Кабин заедно со наводниот соучесник Михаил Иванов (27) се уапсени откако полицијата утврдила дека обвинението е лажно. Другите двајца мажи вклучени во убиството се во бегство.
На сите четворица може да им се закани доживотен затвор, додека Дунаева може да се казни до 20 години затвор.