Невидливото бикини на Ева Лонгорија од 230 евра ФОТО

1,254

Актерката Ева Лонгорија објави фотографија од плажа и направи супер реклама за „невидливиот“ костим за капење, каков што малку жени би се осмелиле да облечат, а одлично стои на различни облици на телото.

На фотографијата е прикажана 45-годишната актерка „фатена“ во скок, со синилото на небото и морето во позадина, што дополнително го истакнува нејзиниот потемнет тен и „невидливиот“ костим за капење во боја на кожата, кој се стопил со него.






Актерката носи бикини од дизајнерката Мелиса Одабаш, модел Мајорка, кое се состои од малку подлабоки гаќички и горен дел со подебела прерамка на едното рамо, украсена со метален прстен.

Интересно е и тоа што бикинито има заштитен фактор 50, а се забележува дека цената е 102 фунти за долниот дел и исто толку за горниот дел, што е околу 230 евра.

Костимот за капење е достапен во големини од 34 до 44 и е одличен избор и за позирање и за спорт на плажа, но само најхрабрите ќе го изберат – јасно е зошто.

 

 

View this post on Instagram

 

Let’s jump into Monday like…….

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) on

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини