📽️ НЕВИДЕНО ЧУДО НА ПАРКЕТОТ Од -7 до победа за 10 секунди, Литванија ја шокираше Британија

Литванија постигна девет поени за десет секунди и направи историски пресврт против Велика Британија во првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство.

0

Репрезентацијата на Литванија приреди кошаркарско чудо во последните секунди од квалификациите за Светското првенство, откако од резултат 87:80 на само 10 секунди до крајот, направи неверојатен пресврт и ја шокираше Велика Британија со победа што изгледаше невозможно.

Во момент кога сите го запишаа поразот, Игнас Саргијунас ја запали искрата на неверојатната серија. Со тројка ја намали разликата на 87:83 и покажа дека чудата навистина постојат. На другата страна, Акваси Јебоа беше фаулиран, но погоди само едно слободно, доволно за да остане надеж: 88:83.






Литванија веднаш возврати. Саргијунас повторно погоди тројка, овојпат за 88:86 на само 3,5 секунди пред крајот, оставајќи ја салата во апсолутен шок.

А тогаш се случи пресвртот кој ќе влезе во историјата. Велика Британија лошо го изведе аутот, им ја подари топката на противниците, а Литванците ја искористија шансата преку Саргијунас кој повторно погоди тројка и го комплетираа едно од најлудите враќања видени во овие квалификации.

Натпреварот што започна како рутинска завршница за домаќините, заврши како најголемо изненадување на првото коло, а Литванија си запиша победа која ќе се прераскажува.

 

Поврзани содржини