🎥 📷 НЕВИДЕН ХАОС ВО ЦЕНТАРОТ НА СОФИЈА, МАСКИРАНИ ДЕМОНСТРАНТИ ГИ ДЕМОЛИРААТ И ПАЛАТ ПАРТИСКИТЕ СЕДИШТА! Протестите против нацрт-буџетот почнаа мирно, но потоа излегоа од контрола
Инцидентите продолжија и пред канцеларијата на ГЕРБ на булевар „Дондуков“, каде беше предизвикан пожар, а беше оштетено и полициско и противпожарно возило. Освен материјалната штета, медиумите не известуваат за потешко повредени, но повеќе лица биле задржани од полицијата.
Во центарот на Софија синоќа дојде до жестоки судири меѓу дел од демонстрантите и полицијата, откако групи маскирани лица ги нападнаа канцеларии на партиите „ДПС – Ново начало“ и ГЕРБ, превртуваа и палеа метални контејнери, и фрлаа шишиња и пиротехника кон полицискиот кордон. Протестите, на кои се проценува дека учествувале околу 50.000 граѓани, започнаа како масовен собир против нацрт-буџетот за 2026 година, но брзо ескалираа во насилство.
Освен во Софија, дополнителни над 30.000 демонстранти излегоа на улица и во повеќе од 10 големи градови низ Бугарија. Според информации од терен, причина за проширување на протестното движење е и како што велат граѓаните арогантниот и непочитувачки однос на владата кон граѓаните и приватниот сектор во текот на буџетските преговори.
Според локалните медиуми, поголемиот дел од демонстрантите кои претходно се собраа околу парламентот и владините институции протестираа мирно, но од толпата се издвоија групи млади мажи во црни облеки и качулки кои направија хаос околу партиските централи. Полицијата користеше спреј солзавец за да ги оддалечи, но сведоци тврдат дека реакцијата била задоцнета и дека дел од вандализмот можел да се спречи ако полицијата реагирала навереме.
Лидерот на опозициската коалиција „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков побара протестите да останат мирни и да не се дозволат провокации.
– Не се подлегнувајте на насилство. Покажавме дека гласот ни се слуша, но рушење и фрлање петарди не помагаат никому – напиша Петков во својата објава.
Претседателот Румен Радев оцени дека дел од инцидентите се намерно предизвикани.
– Ова не е судир меѓу народ и полиција, туку провокација со цел да се дискредитира граѓанскиот отпор. Насилството мора да запре. Народот јасно кажа НЕ на оваа власт – порача Радев.
Инцидентите продолжија и пред канцеларијата на ГЕРБ на булевар „Дондуков“, каде беше предизвикан пожар, а беше оштетено и полициско и противпожарно возило. Освен материјалната штета, медиумите не известуваат за потешко повредени, но биле задржани повеќе лица.
Протестите се одржуваат поради незадоволството од предложениот државен буџет за 2026 година, кој предвидува зголемување на социјалните придонеси и повисоко оданочување на дивидендите. Според критичарите, овие мерки би ги погодиле и работниците и бизнис-секторот и би ја намалиле довербата во економијата.



EPA/BORISLAV TROSHEV
Фото: Принтскрин
Владата, под силен притисок од улицата, најави дека нацрт-буџетот ќе биде повлечен и преработен, со дополнителни консултации со синдикати и работодавци. Опозицијата смета дека ова е доказ дека протестите даваат резултат, додека дел од власта укажува на ризикот од насилни сценарија.
Бугарија веќе подолго време се соочува со политичка нестабилност, чести избори и ниска доверба во институциите. Предложените даночни промени само го засилија незадоволството, а синоќешните судири покажаа дека и релативно мирните протести може брзо да прераснат во хаос доколку се вклучат организирани групи или провокатори. Протестите најавуваат турбулентен период за бугарската влада, која мора да најде компромис што ќе го намали притисокот на улица и ќе обезбеди стабилност во државата.