НЕВИДЕН ЦИРКУС НА ДЕБАТА Кандидат за градоначалник на Охрид ги посипа со вегета противкандидатите (ВИДЕО)

Оваа вегета ми ја дадоа во Охрид, да им дадам малку на колегиве да замезат. Да замезите со парите што ги лапате од населба Црногорци, Охрид, вегета, изјави кандидатот за градоначалник на Охрид од ТМРО, Гоце Цветкоски.

6,522

Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од ТМРО, Гоце Цветкоски, вчера направи вистински циркус на дебатата на ТВ24 каде што свое изборно претставување имаат тројцата кандидати за градоначалници.

Тој освен што ги критикуваше противкандидатите, туку и ги посоли со вегета, за како што рече да замезеле со парите што ги украле. Цветкоски за време на дебатата седеше со знамето од Вергина.






– Оваа вегета ми ја дадоа во Охрид, да им дадам малку на колегиве да замезат. Да замезите со парите што ги лапате од населба Црногорци, Охрид, вегета – изјави тој.

Тој нудеше снимка од забите и резултати од анализа на крвта за докторите кандидати да му ги провереле, затоа што тоа им била работата. Неговата работа била да менаџира затоа што за тоа учел во Америка.

Поврзани содржини