Невеста и младоженец го кажаа судбоносното „да“ преку „Zoom“, а свеченоста траеше дури 19 часа (ВИДЕО)
Скот ја запросил Августина во јануари годинава, а во март планирал да се пресели во Аргентина. Сепак, пандемијата на вирусот ковид-19 ги затвори границите и го принуди парот да ги смени своите планови.
Оддалечени десет илјади километри, Скот и Августина станаа првиот пар кој успеа да се венча на Интернет, откако државата Јута го одобри тоа.
Скот Мармон (32) од Њујорк и Августина Монтефиори (28) од Аргентина се заедно од 2017-та година, но тие беа раздалечени во последната година бидејќи Августина од Денвер се врати во Буенос Аирес, пишува „Дејли меил“.
Скот ја запросил Августина во јануари годинава, а во март планирал да се пресели во Аргентина. Сепак, пандемијата на вирусот ковид-19 ги затвори границите и го принуди парот да ги смени своите планови.
Тој се обиде да добие дозвола да лета за Аргентина, но тоа беше одбиено затоа што тие не беа брачна двојка или крвни сродници. Властите едноставно не разбраа дека тој не доаѓа како турист, туку дека тој сака да се ожени и да продолжи да живее во Аргентина.
Двајцата се одлучија на еден потег, кој ако целата ситуација со вирусот ковид-19 продолжи, ќе стане почеста. Државата Јута ја одобри нивната венчавка преку Интернет, па Скот и Августин ги венчаше матичар, пред нивните семејства и пријатели, иако се оддалечени скоро десет илјади километри еден од друг. Сега Скот може да аплицира за семејна виза и тие повторно ќе бидат заедно.
Нивната венчавка беше првата меѓународна виртуелна венчавка по избувнувањето на вирусот ковид-19. Церемонијата се одржа преку апликацијата „Zoom“ и траеше 19 часа. Беа поканети и виртуелни гости, а Августина и Скот носеа венчаница и костум.
Парот планира да организира уште една, „вистинска“ венчавка во мај следната година.