НЕВЕРОЈАТНО ЛОША ВЕСТ Е ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА КУШНЕР Вучиќ жали за проектот вреден 750 милиони евра

Ова е неверојатно сериозна и лоша вест, изјави српскиот лидер пред новинарите за повлекувањето на зетот на американскиот претседател од изградба на хотелскиот комплекс „Трамп“ на местото на зградата на Генералштабот во Белград.

1,523

За српскиот претседател Александар Вучиќ, повлекувањето на проектот „Трамп“ во Белград е неверојатно сериозна и лоша вест.

– Ова е неверојатно сериозна и лоша вест – изјави Вучиќ пред новинарите.






Проектот, кој го носеше брендот Трамп, требаше да биде изграден на локацијата на зградата на Генералштабот во центарот на Белград, која беше бомбардирана од силите на НАТО во 1999 година. Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џеред Кушнер, се откажа од градењето хотелски комплекс проценет на 750 милиони евра.

Одлуката на Кушнер, според ДПА, дошла неколку часа по тоа што српските антикорупциски обвинители поднеле обвинение против министерот за правда Никола Селаковиќ, близок соработник на Вучиќ, за фалсификување на документ со кој на објектот му бил укинат статусот на културно наследство.

Протестите во Србија против уривањето на историската зграда на Генералштабот ја засилија контроверзата околу проектот.

 

Поврзани содржини